Квери избегал од Санкт Петербург, се соочува со жестока казна

Квери избегал од Санкт Петербург, се соочува со жестока казна

пред 4 години

Американскиот тенисер Сем Квери поради сериозен престап се соочува со три годишна суспензија. Квери, 49 на АТП листата, избегал од Русија каде настапуваше на турнирот во Санкт Петербург.

Квери во Санкт Петербург требало да игра и сингл и дубл, меѓутоа се заразил со коронавирусот. Поради тоа морал да се повлече од турнирот и наредните две недели да ги мине во изолација. Покрај Квери позитивни тестови имале и неговата сопруга Еди и осум месечниот син Форд.

Квери прифатил да оди во карантин во хотелот „Four Season“ еден од најлуксузните во градот и омилен меѓу тенисерите.

Проблемот настанал кога Квери добил повик од министерството за здравство на Русија. Од таму им соопштиле дека ќе ги посети доктор од чија проценка ќе зависи дали ќе бидат хоспитализирани.

За да избегне вакво сценарио Квери организирал приватен лет и експресно ја напуштил Русија иако тоа законски му било забрането. Се претпоставува дека тој од Русија избегал во некоја од балтичките републики, односно во европска земја каде што при влезе не е потребен негативен PCR тест.

По повод овој скандал се огласиле и од АТП со најава дека ќе спроведат детална истрага. Квери се соочува со драстична казна, која може да биде парична во износ од 100.000 долари или суспензија од три години.

Во случај од АТП да се определат за суспензија можно е турнирот во Санкт Петербург да биде последен за Квери кој наскоро ќе наполни 34 години.

Share
Scroll to Top