Баерн Минхен се сериозно заинтересирани од следната сезона да го заменат Томас Тухел со тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Двата тима неодамна се сретнаа во дербито на Бундеслигата и „фармацевтите“ победија со 3:0.
Баерн потоа загуби од Лацио во Лигата на шампионите со 1:0 и тоа само ги засили гласините за смената на Тухел. Од друга страна, Алонсо со Баер прави чуда оваа сезона, неговиот тим, без пораз е на врвот на табелата во Бундеслигата и е на добар пат да ја освои титулата.
Секако, веќе се поставува прашањето каде Алонсо ќе ја продолжи кариерата со оглед на тоа што стана многу баран.
Ливерпул го гледа како наследник на Јирген Клоп, кој си заминува од клубот на крајот од сезоната, а дури 63 отсто од навивачите на Ливерпул анкетирани на порталот „YouGov“ изјавиле дека би сакале Шпанецот да биде нов менаџер на тимот.
Од друга страна, само 18 отсто од нив би сакале на местото на Клоп да го видат Стивен Џерард таму.
Проблемот за Ливерпул е што во трката сега се вклучи и Баерн, клубот за кој настапуваше и Алонсо.
Поранешниот играч на Реал Мадрид беше во Ливерпул од 2004 до 2009 година, додека за Баерн играше од 2014 до 2017 година.