Таравари го повика Ахмети: Те поканувам да се натпреваруваме во трката за претседател

Таравари го повика Ахмети: Те поканувам да се натпреваруваме во трката за претседател

пред 11 месеци

Во статус на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците и истовремено кандидат за претседател на опозициската коалиција, јавно го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да го прифати предизвикот за претседателската трка.

„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува со мене и да вие изберете кој најдобро ве зсстапува!“, пишува Таравари на социјалната мрежа Фејсбук.

Oд објавувањето на неговата кандидатура за претседател, некои медиуми најавија дека во трката за претседател ќе влезе Али Ахмети.

Текстот Таравари го повика Ахмети: Те поканувам да се натпреваруваме во трката за претседател е превземен од МАКФАКС.