На платото пред Објектот на Одделот за заштита на определени лица и објекти беше одбележан уште еден значаен ден за македонската полиција – 18 февруари, 79 години од Денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност во МВР.
По тој повод обраќања на овој настан имаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, а во присуство на раководството на МВР, претставници на Македонскиот полициски синдикат, директорите на Агенцијата за национална безбедност и Агенција за разузнавање, претставници на Амбасадите и полициски аташеа во нашата држава.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека осумдецениското постоење на Одделот укажуваат за богатото професионално портфолио на овој Оддел, за неговиот настанок, раст и развој, за сите успеси на генерациите полициски службеници што го минале работниот век во оваа организациска единица.
„Се работи за специфична, сложена и би додал – репрезентативна полициско-безбедносна служба во чии што натамошен професионален и материјално-технички развој министерството е должно да инвестира.“, истакна министерот Тошковски.
Министерот Тошковски потенцираше дека во периодот што претстои, и покрај мноштвото предизвици со кои што сите ние и како луѓе и како држава се соочуваме, Одделот и сите негови вработени треба да продолжат да креираат и градат професионални стандарди и вредности што ќе носат добри и квалитетни резултати.
Дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во своето обраќање потенцираше дека припадниците на овој Оддел претставуваат синоним за професионалност, лојалност и чесност во службата кон Министерството и кон државата, докажувајќи ја својата професионалност во име на општото добро многу пати досега изминативе скоро осум децении и потенцираше дека целта на министерството е да продолжи да ги гради нивните капацитети, создавајќи подобри услови за работа, воведување иновации и обукисо цел маскимизирање на нивната ефикасност и професионалност.
„Слободно можам да констатирам дека Одделот денеска е на висина на својата задача, благодарение на добрите домаќински политики на раководството на МВР и подобрените услови за работа преку целосна реконструкција на објектот на Одделот во вредност од 9.600.000 денари издвоени од Буџетот на МВР. Набавивме нови службени и цивилни униформи, како и мотоциклистичка опрема за Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување.“, потсети за вложувањата во овој Оддел помошниот министер Бојмацалиев.
Бојмацалиев констатираше дека се евидентни достигнувањата на Одделот преку успешно реализираните самити и конференции на припадниците на овој Оддел за кои изминативе години добиваме највисоки пофалби и признанија како на европско така и на светско ниво на што особено сме горди и како министерство но и како држава домаќин на сите овие значајни настани.
„Прво, успешно спроведената Оперативна Акција „Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Второ, успешната организација како домаќини на 30. Европска регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ во Охрид. Трето, гарантираната безбедност од страна на Командно-оперативниот центар во рамки на 30. Самит на ОБСЕ во Скопје.“, наброи некои од нив дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.
На крај Бојмацалиев вети дека министерството за внатрешни работи ќе продолжи да биде силен поддржувач на Одделот за заштита на определни личности и објекти како и досега, обезбедувајќи ги сите потребни ресурси и поддршка за извршување на својата мисија.
Текстот Свечена церомонија во МВР по повод 18 февруари-денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи е превземен од МАКФАКС.