„Сакам да го видам крајот на борбите во Газа што побргу“ – принцот Вилијам првпат зборува за војната на Блискиот Исток

„Сакам да го видам крајот на борбите во Газа што побргу“ – принцот Вилијам првпат зборува за војната на Блискиот Исток

пред 11 месеци

Британскиот принц Вилијам денеска изјави дека сака да види што е можно побргу крај на борбите во Појасот Газа.

Тој зборуваше за огромната човечка цена на конфликтот на Блискиот Исток откако Хамас изврши терористички напад, објави Би-би-си. Вилијам вели дека има итна потреба од зголемена хуманитарна помош за Газа, како и ослободување на заложниците.

Тој ќе учествува на низа состаноци и посети за запознавање со човечките страдања во конфликтите во Газа, Израел и Блискиот Исток.

 

Тој ќе се сретне со млади борци против омразата и антисемитизмот од разно потекло, а ќе се сретне и со оние што обезбедуваат хуманитарна поддршка на Блискиот Исток и се очекува да ги слушне извештаите од прва рака за притисоците врз оние што работат во Газа.

За време на посетите тој ќе ја истакне својата загриженост за порастот на антисемитизмот, соопшти британскиот јавен сервис. Според извештаите, посетите на принцот ќе претставуваат симболична почит на жртвите од конфликтите на Блискиот Исток.

Текстот „Сакам да го видам крајот на борбите во Газа што побргу“ – принцот Вилијам првпат зборува за војната на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.