Во Вупертал во германската покраина Северна Рајна Вестфалија утрово се случи напад во училиште.
Според германските медиуми, како што пренесува франкфуртскиот магазин „Феникс“, во нападот се повредени неколку лица, а напаѓачот наводно е тинејџер.
Се наведува дека во моментот има голема полициска акција, во која специјалната полициска единица учествува во училиштето во Вупертал.
Заднината на злосторството е нејасна, а осомничениот напаѓач е застрелан, јавуваат германските медиуми.
Се наведува дека во гимназијата „Вилхелм-Дерпфелд“ тинејџер наводно со нож ги нападнал соучениците, при што четири лица се повредени.
Наводно, има и тешко повредени, а меѓу повредените е и осомничениот напаѓач.
Ученикот, конечно, бил совладан околу 10.20 часот.
На терен се многубројни патролни возила, специјални единици, како и противпожарни и спасувачки служби.
Текстот Тинејџер со нож ги нападнал соучениците во училиште во Германија: повредени неколку лица е превземен од МАКФАКС.