Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

пред 11 месеци

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот парламент, а со тоа исчезна и последната пречка за членство на Шведска во Северноатлантската алијанса.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон со ентузијазам реагираше на одлуката на унгарскиот парламент, велејќи дека тоа е историски ден.

Шведска поднесе барање за приклучување кон западната воена алијанса пред речиси две години.

Гласањето, кое се одржа денеска во Будимпешта, уследи по состанокот во петокот меѓу шведскиот премиер Улф Кристерсон и неговиот унгарски колега Виктор Орбан, на кој тие се согласија да ги остават настрана нивните разлики – велејќи дека се „подготвени да умрат еден за друг“.

Текстот Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО е превземен од МАКФАКС.