Црногорската полиција соопшти дека утринава во Бар го уапсила Дино Ибрахимовиќ (28), кој е осомничен за бруталното убиство на Едмонд Мустафа (29), за кој се верува дека е член на организираната криминална група Шкаљари.
Полицијата соопшти и дека осомничениот, откога испукал десетина истрели, побегнал од местото на злосторството.
„Во исклучително кус временски период, а врз основа на описот на сторителот на кривичното дело, ефикасната реакција на службениците на Регионалниот центар за безбедност ‘Југ’ и ефективното и навремено поставување на службата, осомничениот Д. И. е спречен да побегне и е лишен од слобода. Во таа пригода управувал електричен тротинет и носел кацига“, соопшти полицијата.
Од таму додаваат дека, според оперативните сознанија, двете лица се членови на криминална група, која дејствувала на црногорското крајбрежје.
„Покрај тоа, Д. И. веќе се бара на меѓународно ниво – по него е распишана меѓународна потерница од земја со која правосудните органи на Црна Гора немаат потпишано договор за екстрадиција“, се додава во соопштението.
Текстот Испукал 10 куршуми од автоматска пушка кон Мустафа, па бил уапсен додека бегал со тротинет: нови детали за убиството во Бар е превземен од МАКФАКС.