Вечерва околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ пристигнала дојава за бомба.
По пријавувањето за наводната бомба, патниците биле веднаш евакуирани.
Аеродромот е затворен, а летовите се пренасочени кон Темишвар, јавуваат белградските медиуми.
Како што неофицијално дознава Танјуг, пилотот добил дојава за бомба, по што повикал полиција, бидејќи на еден од патниците му се чинело сомнително.
Текстот Дојава за бомба на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е превземен од МАКФАКС.