Актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен, со победа ја започна новата сезона во Формула 1. Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Бахреин. Холанѓанецот ја забележа осмата победа во низа, сметајќи ги победите на последните седум трки минатата сезона. Победата во Бахреин е 55. во кариерата за Ферстапен.
Макс Ферстапен стартуваше од пол-позивијара на патеката „Сакир“ и од самиот почеток покажа колку е супериорен новиот Ред Бул во однос на конкуренцијата. Холанѓанецот од стартот возеше соло трка.
Доминацијата на ред Бул ја потврди Серхио Перез, кој стартуваше од петтата позиција, но на крајот заврши на второто место. Мексиканецот доцнеше зад тимскиот колега речиси 22 секунди.
Возачите на Ферари завршија на третото и четвртото место. Карлос Санц се искачи на најниското скалило на пиедесталот, а Шарл Леклер, кој стартуваше како втор, имаше турбулнентна трка, но сепак дојде до позицијата број 4.
Зад најдобрата четворка се наредија возачите на Мерцедес и Мекларен Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилтон и Оскар Пјастри.
Топ 10 го затворија пилотите на Астон мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Следната трка се вози во Саудиска Арабија.