Германија одби да ги испорача моќните крстосувачки ракети Таурус на Украина, тоа е само почеток на проблемот

Шолц e против испраќањето ракети „Таурус“ во Украина aко тоа вклучува учество на германски војници

пред 2 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отфрли можноста за вооружување на Украина со проектили со долг дострел „Таурус“ доколку германските војници мора да бидат вклучени во употребата на тие ракети.

„Не можете да испорачате систем на оружје што има многу долг дострел без да размислувате како да го контролирате“, рече Шолц, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека е можно да се има контрола над оружјето само доколку со него управуваат германски војници.

„И тоа не доаѓа предвид“, рече Шолц.

Досега Германија се спротивставуваше на испраќање ракети Таурус во Украина, плашејќи се од директна конфронтација со Русија.

Сепак, ова прашање повторно се дискутираше откако руските медиуми минатата недела објавија 38-минутна снимка од разговор во кој германските офицери разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета Таурус и дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат мостот на Крим.

Текстот Шолц e против испраќањето ракети „Таурус“ во Украина aко тоа вклучува учество на германски војници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top