Претседателот на парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, паузира кога на седницата избувна конфликт меѓу пратеникот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Оскар Хутер, и дел од пратениците од коалицијата „За иднината на Црна Гора“ (ЗБЦГ).
Додека Хутер зборуваше, пратеникот Славен Радуновиќ фрли нешто кон него, а тој постојано повторуваше „срам да ти е“.
Во дискусијата се вклучи и Милан Кнежевиќ, а потоа стана, по што седницата беше прекината.
И по дадената пауза, жестоката расправа продолжи, а Хутер и Кнежевиќ повеќепати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од другите пратеници.
Пратениците на ДПС, Даниел Живковиќ и Андрија Николиќ, побараа да се повика обезбедување, се приближија до масата на Мандиќ, кој по кратка дискусија се оддалечи.
Текстот (Видео) Тензично во парламентот во Црна Гора – турканици, довикувања, обиди за напад е превземен од МАКФАКС.