Бајден: Тешко до прекин на огнот во Газа до Рамазан, многу сум загрижен

Бајден: Тешко до прекин на огнот во Газа до Рамазан, многу сум загрижен

пред 10 месеци

Американскиот претседател Џо Бајден изјави синоќа дека ќе биде „тешко“ да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пред Рамазан на почетокот на следната недела. „Ќе биде тешко“, им рече Бајден на новинарите, кои го прашаа дали е веројатно да се постигне договор пред месецот на муслиманскиот пост.

Тој, исто така, додаде дека е „многу“ загрижен за насилството што може да избие во Источен Ерусалим, палестинска територија анектирана и окупирана од Израел, за време на Рамазан.

Хамас синоќа објави дека нема да направи „никаков компромис“ за своите барања за траен прекин на огнот во Појасот Газа и повлекување на израелските војници во замена за каков било договор за ослободување на заложниците.

Текстот Бајден: Тешко до прекин на огнот во Газа до Рамазан, многу сум загрижен е превземен од МАКФАКС.