Во Охрид опожарен објект во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи

Во Охрид опожарен објект во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи

пред 10 месеци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар.

Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот.

Текстот Во Охрид опожарен објект во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи е превземен од МАКФАКС.