Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах побарал да не игра за репрезентацијата на следните натпревари, соопшти денеска селекторот на Египет селекција Ибрахим Хасан.
Селекторот на „Фараоните“, на прес-конференцијата изјави дека капитенот на репрезентацијата побарал да не игра на пријателскиот турнир во Абу Даби, каде на 22 март Египет ќе игра против Нов Зеланд, а три дена подоцна против победникот од натпреварот Тунис-Хрватска.
„Салах и Ливерпул веруваат дека нашиот капитен треба да ги прескокне тие натпревари бидејќи неодамна се опорави од повредата на бутниот мускул со која се мачи од почетокот на годината“, изјави Хасан, а пренесуваат египетските и англиските медиуми.
Во 2024 година, ниту еднаш не беше во стартниот тим на Ливерпул, а откако се опорави од повредата, на претходните два натпревари, против Спарта Прага во Лига Европа и Манчестер сити во Премиер лигата, играше по 30 минути.