Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги врачи договорите за Кофинансирање на проекти за поддршка на занаетчиството на четири занаетчиски комори. Се работи за проекти на Занаетчиските комори на Скопје, на Штип, Куманово и Битола за проекти за развој и унапредување на занаетчиството, за што вкупната вредност на сите четири грантови изнесува 707.000 денари.
Министерот Бектеши по потпишувањето на договорите за грантови истакна дека оваа година Министерството за економија покрај занаетчиските комори подржа рекорден број на занаетчии за што преку мерките на Министерството за економија се реализирани 4,4 милиони денари за мерката субвенции за занаетчии.
„Како Министерство за економија уште еднаш покажуваме дека се грижиме за занаетчиството што е многу важна дејност во нашата држава. Радува фактот што предвидените средства за поддршка на занаетчиството во буџетот на Министерството за економија од се целосно реализирани и 43 занаетчии добија субвенции и четири здруженија на занаетчии добија грантови за поддршка и развој на занаетчиството“ кажа министерот Бектеши.
Тој информираше дека со четвртиот пакет мерки кој што го донесе Владата се предвидени дополнитени средства за поддршка на занаетчиите, а по донесувањето на Ребалансот на Буџетот овие средсдтва ќе им бидат на располагање.
„Со мерките од четвртиот пакет се предвидени дополнителни 12 милиони денари за поддршка на занаетчиите за набавка на алат и опрема, а дополнително на тоа знаетчиите може да ја користат мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, како и бескаматната кредитна линија на Равзојната банка на Северна Македонија каде Мнистерството кофинансира 60 милиони денари, а занаетчиите можат аплицираат за бескаматни кредити до 5.000 евра за зголемување на нивната ликвидност“, потенцираше Бектеши.
Министерот додаде дека се работи на законските измени кои ќе овозможат од 1 јануари следната година намалување на ДДВ на занаетчиските услуги од 18% на 5%.
Агрон Фазлии, претседател ан Занаетчиската комора на КУманово и воедно претседател на Занаетчиската комора на Македонија се заблагодари на Министерството за економија за тоа што занаетчиите биле вклучени во креирањето на сите мерки за поддршка од на економијата од ковид-кризата.
“Занаетчиите добија поддршка во сите три пакети на мерки кои што ги донесе Владата, сега чекаме да се донесат законските измени за да почнат да се реализираат мерките од четвртиот пакет, каде што занаетчиите може да аплицираат по повеќе мерки“, кажа Фазлии и потенцираше дека е неопходна поддршката на државата за занаетчиството како една од најпогодените сектори од ковид кризата.