Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерс турнирот во Мајами. Во финалето Синер го прегази Григор Димитров с 6:3, 6:1.
Димитров во мечот се држеше до петтиот гем, кога Синер го направи првиот брејк. Лесно го доби првиот сет, а уште полесно вториот, во кој Бугаринот дојде до 1:1, а потоа Италијанецот освои пет гема во низа.
Нестварно звучи податокот дека Синер не направи ниту една грешка со бекхенд.
Синер во Мајми ја освои 13.титула во кариерата, трета оваа сезона, откако победи во Мелбурн на Австралија опен и на Мастерсот во Индијан Велс.