Санчез по само три месеци го напушти Мекларен

Санчез по само три месеци го напушти Мекларен

пред 7 месеци

Давид Санчез, главниот инженер на Мекларен, го напушти овој тим по само три месеци соработка. Санчез во мекларен дојде од Ферари.

Французинот беше донесен како дел од реструктуирањето на техничкиот дел на тимот на Мекларен. До изнаоѓање трајно решение, неговата функција ќе ја преземе првиот човек на тимот Андреа Стела.

„Улогата, одговорностите и амбициите што дојдоа со позицијата на Давид не беа во согласност со нашите очекувања“, рече Стела.

Санчез може да се приклучи на друг тим од моментот кога ќе најде друга работа.

Самиот Санчез не беше задоволен од својата улога во тимот бидејќи беше помалку од она што го очекуваше и го договори кога дојде во Мекларен.

„Благодарен сум за можноста да бидам дел од овој тим. Улогата за која разговаравме и договоривме не беше во реалноста она што го очекував. Заминувам со сета почит кон луѓето кои го водат тимот и со восхит кон моите колеги за нивната посветеност, но и со почит кон отвореноста за време на разговорот што доведе до оваа одлука“, изјави Санчез.

Share
Scroll to Top