„Наместо решение ДПМНЕ создава хаос со личните документи“, велат од СДСМ

Во сабота фотографирање за лични документи за лицата кои наполниле 18 години, со цел да можат да гласаат

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

Текстот Во сабота фотографирање за лични документи за лицата кои наполниле 18 години, со цел да можат да гласаат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top