Израел: Не напаѓаат од седум фронта, само на еден не возвративме

„Ал џезира“: Израелски војници пукаат во луѓе што бараат помош

пред 2 години

„Ал џезира“ емитуваше ексклузивни снимки на кои се гледа како израелските сили пукаат врз Палестинците додека се обидуваат да стигнат до помош во северниот дел на Појасот Газа.

Снимките покажуваат палестински цивили под директен оган и откако помошта е фрлена од авион во близина на граничната ограда во северниот дел на Појасот Газа, иако тие не претставуваат закана за израелските војници и возила.

На видеото се гледа и како израелски војници намерно убиваат палестински цивил, кој носел помош пукајќи во него неколкупати оставајќи го да лежи на земјата и не му помагаат додека не умре пред војниците по што му пришле кучиња.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, кон крајот на минатиот месец потврди дека има логични причини да се верува дека Израел го користи гладот ​​како оружје во војната во Појасот Газа.

Текстот „Ал џезира“: Израелски војници пукаат во луѓе што бараат помош е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top