Дарко Андонов или попознат како ДААН во дует со Тијана Периќ го промовираа нивниот нов сингл и видео запис за песната „Кога знам“.
Како автор на песната се појавува самиот Дарко Андонов заедно со неговиот соработник Кире Јакимов. Музиката е дело на Дарко, текстот го пишуваа заедно со Кире Јакимов деодека за аранжманот се погрижи исто така Кире Јакимов.
Како што наведува Дарко инспирацијата за текстот на песната е добиена од секојдневието на многу парови, кои се соочуваат со разни предизвици и одговорности во нивните врски, а исто така и недостатокот на посветеност и работа за една врска да опстои подолг период.
Музиката и аранжманот на самата песна се инспирирани од најновите музички трендови, каде доминира модерен и специфичен ритам, надополнет со музика во права смисла на зборот. Целта на ДААН е да ги вклопи новите музички трендови со онаа вистинската музика која има оставено печат на овие простори. Песната е снимена во студиото на Дарко Андонов.
Видеото за песната е работено во соработка со Дарко Димитриевски, а сценариото и режијата се на Дарко Андонов. Инспирацијата за самото видео како што вели Дарко е и самиот текст на песната, со што е овозможено на публиката да ја почувствува песната како аудио така и визуелно.
Во однос на плановите за во иднина Дарко и Тијана велат дека ова е само почеток на нивната меѓусебна соработка и веќе се работи на неколку нови проекти кои публиката треба да ги очекува во тековната година.
Да потсетиме дека и ДААН и Тијана Периќ во претходниот период имаа објавено по неколку песни како солисти меѓутоа ова е нивна прва соработка.