Вучиќ: Србија бара состанок на Советот за безбедност, во понеделник писма до ЕУ, Русија и Кина

(Видео) Вучиќ: За три години ќе имаме летечки автомобили во Белград

пред 9 месеци

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во последните два дена, двапати најави дека Белград ќе има летечко такси во 2027 година.

„Во моментов Кинезите се единствените во светот способни за она што ни е целта, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, колку и да ви изгледа чудно на вас или мене. Ќе дадеме се од себе да бидеме први или втори во Европа што ќе воведе летечки такси, до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ.

Вучиќ ги најави летечките автомобили пред два дена како гостин на телевизискиот канал „Информер“, пренесуваат српските медиуми.

Таму рече дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека доколку во меѓувреме нема поголеми безбедносни проблеми, Србија до 2027 година ќе има летечко такси.

„Ќе имаме летечко такси за ЕКСПО, за да покажеме како изгледа. Работиме со две компании, едната е француска, едната е веројатно австриска или германска. А работиме и со Кинезите“, рече Вучиќ.

Текстот (Видео) Вучиќ: За три години ќе имаме летечки автомобили во Белград е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top