(Видео) Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ДПМНЕ

(Видео) Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ДПМНЕ

пред 7 месеци

Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.

Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа“, додава таа.

Тоа, како што вели, може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај.

„Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард“, нагласи Николова.

Текстот (Видео) Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top