Настана колапс на покривната конструкција, оштетени се ролетните на околните објекти поради високата температура, рече командирот на скопската пожарна

Настана колапс на покривната конструкција, оштетени се ролетните на околните објекти поради високата температура, рече командирот на скопската пожарна

пред 9 месеци

Настана колапс на покривната конструкција и се работи на догаснување, има висока температура сè уште во објектот на Универзалната сала и не може да се пристапи до сите места, истакна командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој рече дека поради густиот чад и високата температура, забележани се оштетувања на ролетните на соседните објекти.

Томески вели дека пожарот за кусо време бил ставен под контрола иако имало висока температура во самиот објект, а интервенирале 9 противпожарни возила и 24 пожарникари.

Томески потврди дека нема повредени, а во моментот на избувнувањето немало градежни работници. Како што рече, материјалната штета е евидентна, но не може веднаш да биде констатирана.

Интервенцијата на пожарникарите ја оцени како успешна од аспект на брзината и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани.

Текстот Настана колапс на покривната конструкција, оштетени се ролетните на околните објекти поради високата температура, рече командирот на скопската пожарна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top