Дени Марфи е поранешен англиски фудбалер чија кариера траеше од средината на деведесеттите до 2013 година.
Играше за Ливерпул, Чарлтон, Тотенхем, Фулам и Блекбурн. За англиската репрезентација одигра девет натпревари и постигна еден гол.
Откако му заврши кариерата, тој стана зависник од кокаин, што го призна во подкаст.
„Кога фудбалот ќе исчезне, проблемите стануваат огромни. Играњето фудбал, адреналинот и допаминот ве одржуваат фокусирани“, рече Марфи, кој со Ливерпул го освои Купот на УЕФА, Суперкупот на Европа, ФА купот, два Лига купа и Суперкупот на Англија.
„Имав фаза кога пијам кокаин и пушев трева. Можев да живеам без алкохол, не бев алкохоличар. Можев да имам алкохол во куќата и да не пијам“, изјави Марфи и на прашањето дали е зависник од кокаин одговори:
„Имав некое време. Дојдов до точка кога мислев дека не можам ништо без него. Тоа беше глупаво, секако дека можев.
Рече дека „поминал една година во свет на болка“, по што проблемите ги решил со терапија.