Аталанта на „Енфилд“ го декласира Ливерпул со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. Двоен стрелец кај гостите беше Џанлука Скамака, додека третиот гол го постигна Марио Пашалиќ.
Ливерпул го претрпе првиот пораз на домашен терен по 14 месеци.
„Ова беше навистина лош натпревар. О, Боже…” – започна Клоп, кој по девет години на клупата ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.
„Добро влеговме во натпреварот, но не продолживме така. И пред да постигнат гол, ги загубивме линиите на играта. Бевме насекаде, но и никаде. Нашиот среден ред беше развлечен. На време не го видов тоа, навистина беше чудно.“
Во 2019 година, Ливерпул поништи идентична негатива против Барселона и влезе во финалето на Лигата на шампионите. На прашањето дали неговиот тим може да го стори истото на 18 април во Бергамо против Аталанта, Клоп рече: „Можеме ли да се вратиме од 0:3? Не знам“.