Ковачки: Навредите на Стево кон Силјановска Давкова ја покажува неговата исплашеност од поразот

Ковачки: Навредите на Стево кон Силјановска Давкова ја покажува неговата исплашеност од поразот

пред 9 месеци

-Поминав многу куќи, поминав многу домови, населени места и секаде каде што одев преовладуваше една мисла, промени. Промени за подобар живот, промени за подобро утре, промени за да си ја направиме Македонија повторно горда. Да ја направиме Гордана Силјановска Давкова, претседател на Република Македонија. Доаѓа време на одговорност. Овие избори се последната шанса за сите нас и за нашата Македонија. Овие избори вие избирате помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Помеѓу проекти, стратегија, реформи, визија, или помеѓу уназадување, пустош, криминал и корупција, порача Драган Ковачки носител на изборната единица 3 при неговото обраќање во општина Зелениково во рамки на претседателската кампања.

„Погледнете до каде ја донесоа Македонија, СДС, Димитар Ковачевски и Али Ахмети, тоа се ликовите, претставници на оваа власт. Погледнете до каде ве донесоа вас. До беда и сиромаштија. До пропаст. Едвај да преживувате. Сите ги мачи една иста мака, како да се помине месецот, дали ќе стигнат пари за сметки, дали ќе има ново покачување на прехранбените производи. Никогаш не се живеело полошо. Пекол донесоа за сите, а живот ветуваа. Денеска после 7 години сите знаат дека нема ниту живот, ниту правда, ниту едно општество за сите, туку важни им беа само парите“, кажа тој.

Ковачки потоа се осврна на кандидатот за претседател Стево Пендаровски за кого рече дека е нервозен поради слабиот рејтинг и дека знае дека нема поддршка од граѓаните.

„Што би кажал за Стево Пендаровски. Човекот нема образ, туку ѓон. Безобразен, без грам срам, нечесен. Денови е во голема нервоза и очај, што поради слабиот рејтинг, што поради слабата посетеност на митинзите, дури ниту ората кои што ги игра не му помагаат, знае дека нема поддршка од вас, па почнува да ја навредува професорката Силјановска Давкова. Тоа ја покажува неговата исплашеност од поразот. Стравот му е преголем бидејќи знае дека ќе биде убедливо поразен. Маж кој навредува жена, само ја покажува неговата фрустрираност. Кога требаше да им се спротивстави на ДУИ и Али, тој одбра да им биде мал послушник, да им коленичи за гласовите“, вели Ковачки.

Текстот Ковачки: Навредите на Стево кон Силјановска Давкова ја покажува неговата исплашеност од поразот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top