Активностите на Иран, како и руските, се закануваат да предизвикаат поголем конфликт, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој повика на напори за спречување на понатамошна ескалација на Блискиот Исток.
„Активностите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што акциите на Русија се закануваат со поголем конфликт. Очигледната соработка меѓу двата режима во ширењето терор мора да се соочи со решителен и обединет одговор од светот“, рече тој.
Текстот Зеленски го спореди Иран со Русија е превземен од МАКФАКС.