Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.
Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.
View this post on Instagram
Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се прости од него.
“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.
Текстот Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се прости од него е превземен од МАКФАКС.