Финска ќе добие нови оклопни возила на тркала

Финска ќе добие нови оклопни возила на тркала

пред 6 месеци

Финските одбранбени сили ќе купат тешки оклопни возила „Patria 6×6“ во рамките на програмата „Common Armored Vehicle System“.

Како што е наведено од компанијата, финскиот министер за одбрана Анти Хакенен ја овластил логистичката команда на финските одбранбени сили да започне нивна сериска набавка, пренесува „defence-blog“.

Првата фаза од аквизицијата ќе вклучува едно возило од пред серијата и 20 далечински станици за оружје на Конгсберг кои ќе бидат интегрирани во возилата.

Договорот ќе вклучува и опција за дополнителни набавки на 18 возила, како и одредби за опрема, одржување, резервни делови и обука.

„Варијантите на тешки оклопни возила отстапуваат од основните варијанти на возила Patria 6×6 со повисока стапка на заштита и огнена моќ што овозможува подобро покривање на пример во задачите за управување со кризи. Тешкото оклопно возило „Patria 6×6“ со системи за далечинско управувано оружје е крајниот резултат на тимската работа за истражување и развој на неколку земји“, вели Јуси Јарвинен, извршен потпретседател на Финска дивизија на Патриа.

Текстот Финска ќе добие нови оклопни возила на тркала е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top