Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

пред 8 месеци

Денес, Носителот на ИЕ6, Игор Димески од Левица, во Тетово имаше средба со бранителите од 2001 година.

Од населбата Два Бреста во Тетово, во паркот кај споменикот Иљо Антевски-Смок, Димески порача:

„Левица ќе направи сè, за да се институцијализираат барањата на бранителите. Потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов”.

Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања. Исто така, бранителите ги поздравија заложбите на Левица, истакнати од Димески, соопшти Левица.

Текстот Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top