Започна наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише договор со тогаш 13-годишниот Лионел Меси. Првите понуди достигнаа речиси 300.000 долари.
Договорот на салфетката е потпишан во декември 2000 година кога Карлес Рексач, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со менаџерот Хорасио Гаџиоли, клубот да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар играч и стрелец во клупската историја.
Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (околу 280.000 евра) набргу по отворањето на аукцијата, објави веб-страницата на аукционерот.
„Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.
Меси и помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови.
Лионел Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами.
Онлајн продажбата завршува на 17 мај.