(Видео) Русите нападнаа со тенкови и оклопни транспортери, ги пречекаа Украинците

(Видео) Русите нападнаа со тенкови и оклопни транспортери, ги пречекаа Украинците

пред 2 години

63-та Посебна механизирана бригада на украинските вооружени сили објави видео на Телеграм на кое се гледа уништување на руски тенкови и оклопни возила на бојното поле.

„63-та бригада уништи десет единици руска опрема одеднаш со помош на дополнителни единици и браќа по оружје од 60-та бригада. Како резултат на неверојатно прецизни артилериски напади и напади со беспилотни летала, пет тенкови и пет пешадиски борбени возила кои се обиделе да ги нападнат нашите позиции беа запалени“, напишаа покрај објавената снимка.

Украинските борци истакнаа дека за да се запрат ваквите руски пробиви, неопходно е „да се плати највисоката цена“. „Но, ние гарантираме дека ниту капка крв на нашите војници не е залудно пролеана. Тоа значи десет пати поголеми загуби за непријателот“, додаваат тие.

Според достапните информации, се се случило кога Русите извршиле механизиран напад од големи размери во близина на градот Торска во областа Доњецк. Русите тврдат дека зазеле поповолни позиции на тој простор и им нанеле загуби на припадниците на 63-та механизирана и 117-та бригада за територијална одбрана.

Текстот (Видео) Русите нападнаа со тенкови и оклопни транспортери, ги пречекаа Украинците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top