Нападнат полициски конвој во Франција има  загинати: превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите

Нападнат полициски конвој во Франција има загинати: превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите

пред 2 години

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој кој превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.

Нападот се случил околу 11:00 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.

Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот кој бил во конвојот.

Избеганиот затвореник е познат по прекарот „Мува“, а е осуден за кражба и провала.

Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.

Текстот Нападнат полициски конвој во Франција има загинати: превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top