Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17

Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17

пред 8 месеци

Телото на уште една жртва е пронајдено во урнатините на станбена зграда во Белгород, со што бројот на жртви се искачи на 17, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации за „Тасс“.

Белгород и неговата околина беа изложени на масовно украинско гранатирање во неделата. Русите тврдат дека остатоците од еден од соборените проектили погодил десеткатница во Белгород, што предизвикало нејзино уривање.

Истражниот комитет на Русија почна истрага за тероризам.

Текстот Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17 е превземен од МАКФАКС.