Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

пред 5 месеци

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба на изборната волја преку незаконската одлука за прегласување во точно избрани гласачки места – во родните места на носителите на опозцијата. Ова го истакна портпаролот на ДУИ од коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.

Како што обвинува Османи, ова било направено со цел контрола на гласачкото место и манипулирање на гласачката волја.

„Одлуките се донесени без факти и незаконски како мајоризацијата во 90-тите години. Целта е да се ублажи поразот на опозициските политички партии во албанскиот блок, но и да се оцрни албанскиот гласач дека не може да спроведе коректни избори кога првпат на чело на Владата и за организирање на избори е премиер Албанец. Нема да дозволиме оцрнување на албанскиот гласач, ниту манипулурање на волјата на граѓаните. ‘Европскиот фронт’ на изборите имаше јасна победа наспроти ‘Вреди’“, рече Османи.

ДУИ ќе ги обжали одлуките пред Управниот суд, а Османи најави дека ќе поднесат пријави и за членовите на ДИК. Тој очекува дека Управен ќе ја преиначи одлуката на ДИК.

Османи и на средбите со амбасадорите во својство на министер за надворешни работи го иницирал прашањето за изборите.

Претходно, ДИК ги прифати приговорите што ги поднесоа политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај за прегласување во шест избирачки места во ИЕ 5 и во едно избирачко место во ИЕ 6.

Текстот Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top