Кадиров: Насочете ги сите сили и ресурси на државата кон безбедноста на Русија и нејзиното население

Кадиров: Насочете ги сите сили и ресурси на државата кон безбедноста на Русија и нејзиното население

пред 8 месеци

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за време на специјалната операција изјави дека сите сили и ресурси на државата треба да бидат насочени кон безбедноста на Русија и нејзиното население.

„За време на воените операции, мора да се користат сите сили и средства. Сите државни средства мора да бидат насочени кон безбедноста на нашата земја и населението. Поради оваа причина, младите, државните службеници и бизнис-елитата – сите во нашата република се вклучени со цел да се обезбедат момците што се борат на територијата на специјалната воена операција“, рече Кадиров, пренесува „Спутник“.

Кадиров додаде дека чеченскиот министер за млади, Ахмат Кадиров, предал 10 автомобили и 10 квадрокоптери, кои ќе бидат испратени во зоната за специјални операции.

Текстот Кадиров: Насочете ги сите сили и ресурси на државата кон безбедноста на Русија и нејзиното население е превземен од МАКФАКС.