Цеца за деновите поминати во затвор: Тоа е како да сте живи закопани во гроб

Цеца стана баба по трет пат, се породи снаата Богданка

пред 8 месеци

Светлана Ражнатовиќ – Цеца стана баба по трет пат, се породи снаата Богданка.

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ се породи и на свет донесе син на кој му го дадоа името Исаија.

Се породила со царски рез во приватна клиника, а породувањето поминало без проблеми.

Гордата баба Цеца Ражнатовиќ ја објави првата слика од бебето.

Таа објави слика од нејзиниот син Вељко како го држи третиот наследник во раце за првпат, објави Србијаданас.

Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил и и ја соопшти радосната вест на јавноста.

– Слава на Бога! Се роди мојот трет син Исаија – напиша накратко Вељко, кој претходно објави фотографија од породилиштето.