Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити.
Засега не се знае колкава е штетата и нема информации за повредени, пишува News9.
Претходно во вечерните часови беа пријавени торнада на западот на државата. Првиот се појави во округот Роџер Милс, а следниот во близина на Кастер Сити.
Текстот (Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки е превземен од МАКФАКС.