Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.
Текстот 23 мај, Националниот ден на Власите неработен за граѓаните припадници на влашката заедница е превземен од МАКФАКС.





