Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас сè уште се во мирување, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.
Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.
Тој сепак нагласи дека сите држави и организациите што се одговорни за смртта на цивилното население треба да сносат одговорност, пренесува „Ројтерс“.
Текстот Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците во мирување е превземен од МАКФАКС.






