Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес, оствари работни посети во Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци, каде што одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици на Министерството.
Секторот за компјутерски криминал има специфичен делокруг на работа и постапува по неколку кривични дела, како што се загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, злоупотреба на лични податоци, прикажување порнографски материјал на малолетник, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување за обљуба или друго полово дејство на малолетник кој не наполнил 14 години и други.
„Имајќи ги предвид квалификациите што се потребни за кадарот што работи во овој сектор и конкуренцијата на пазарот на труд, потребно е најбргу што може да се преземат соодветни мерки, со цел задржување на постојниот и привлекување нов кадар во овој дел.
Во однос на Одделот за прекршоци, исто така има недостиг на соодветен кадар, кој треба да исполнува посебни услови во согласност со Законот за прекршоците за ефикасно извршување на големиот обем на работа што го имаат. Во иднина треба да се размислува за олеснување на процедурите во делот на прекрошочната постапка, дигитализација и користење на бенефитите што ги нудат современите софтверски решенија“, истакна Тошковски.
Текстот Тошковски во посета на Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци: во фокусот задржување на постојниот и привлекување нов кадар е превземен од МАКФАКС.