Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“

Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“

пред 4 месеци

Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.

Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.

„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.

Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.

Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.

Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.

Share
Scroll to Top