Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан

Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан

пред 2 години

Кинеска новинарка Џанг Жан, која беше осудена во Кина за известување за епидемијата на Ковид-19 во Вухан, е ослободена од затвор по издржување четиригодишна затворска казна, објавија светските медиуми.

Џанг е осудена на четири години затвор под обвинение за „поттикнување кавги и предизвикување проблеми“, пренесува АП.

Меѓутоа, на денот на нејзиното ослободување нејзините поранешни адвокати не можеле да дојдат до неа или до нејзиното семејство бидејќи, како што наведува американската агенција, „полицијата во Шангај ги посетила активистите и нејзините поранешни адвокати во деновите пред нејзиното ослободување“.

Текстот Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top