Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

пред 2 години

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите, како и на Изборниот законик.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.

Потсетуваат дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители за време на изборите за што, како што велат, е утврдено дека е спротивно на законите.

„А тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.

Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, се истакнува во информацијата од ДКСК.

Текстот Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top