Ривалите паѓаа Еспаргаро победи на спринтот во Каталуња

Ривалите паѓаа Еспаргаро победи на спринтот во Каталуња

пред 5 месеци

Мотоциклистот на Априлија, Алеиш Еспаргаро, победи на спринтот за Големата награда на Каталуња. Второто место го зазеде асот на Гресини, Марк Маркез, додека славеникот – импресивниот дебитант Педро Акоста, целта ја мина како трет.

Дури тројца лидери згрешија и предвреме ја завршија трката – блескаше Раул Ферандез, но на осум круга пред крајот пребрзо влезе во еден свиок и ја загуби контролата врз моторциклот.

Дури тројца лидери згрешија и предвреме ја завршија трката – блескаше Раул Ферандез, но на осум круга пред крајот пребрзо влезе во свиок и ја загуби контролата.

Само два круга подоцна Бред Бајндер пропушти одлична прилика, но и тоја падна, а хет-трикот на „несреќните“ лидери го комплетираше бранителот на титулата Франческо Бања и му ја „подари“ победата на Алеиш Еспаргаро.

Возачот на Прамак, Хорхе Мартин, ја заврши трката на четвртото место, а по него следуваа Енеа Бастианини (Дукатои) и Фабио Ди Џанантонио (ВР46).

Топ 10 го комплетираа Џек Милер, Маверик Вињалес, Марко Бецеки и Фабио Квартаро.

Марк Маркез имаше особено импресивна трка. Шпанецот тргна од 14. место, ги искористи поволните (за него) околности и стигна до подиумот.

Мартин е лидер во генералниот пласман, додека Марк Маркез ја презеде втората позиција.

Share
Scroll to Top