Газета дело Спорт: Мартин во Дукати наместо Бастианини

Газета дело Спорт: Мартин во Дукати наместо Бастианини

пред 6 месеци

Хорхе Мартин возач на Прамак Дукати и лидер во светскиот шампионат во Мото ГП, ќе го замени Енеа Бастианини во фабричкиот тим на Дукати, објави во четвртокот „Газета дело Спорт“. Според овој извор соработката ќе започне во 2025 година.

Мартин пред две недели забележа двојна победа на Големата награда на Франција. Шпанецот најпрвин победи во спринтот, а потоа и во главната трка и ја забележа втората победа сезона.

„Сите возачи сакаат да си го најдат своето место. Со она што го направив и покажав мислам дека го заслужувам тоа. Но, што е најважно, заслужувам место таму каде што ме сакаат и каде што се борат за мене“, изјави Хорхе Мартин тогаш, очигледно малку исфрустриран од бавноста на носењето одлуки во Дукати.

Од тимот, по трката во Каталуња, на која победи Пеко Бањаја, најавија дека до крајот на неделата не бри требало да биде официјализирано ништо поврзано со вториот возач за наредната сезона, но со оглед на тоа дека шпекулациите се зголемуваат, Дукати сепак би можел да се огласи порано.

Хорхе Мартин се наоѓа пред клучната одлука во кариерата, бара тим кој ќе го препознае неговиот талент и кој ќе биде подготвен да го следи во борбата за титули.

„Трпелив сум, но решен да ја најдам вистинската средина“, изјави Мартин.

Share
Scroll to Top