Камада како слободен играч се сели во Кристал Палас

Камада како слободен играч се сели во Кристал Палас

пред 7 месеци

Даиши Камада не успеа да се договори со Лацио и ќе го напушти „Олимпико“ како слободен играч.

Јапонецот и минатото лето пристигна во Рим како слободен играч, откако му истече договорот со Ајнтрахт Франкфурт.

Тој имаше договор со Лацио да потпише на само една година, бидејќи Римјаните одбија да стават ниска откупна клаузула во неговиот договор, веруваа дека ќе го убедат да остане.

Сепак, преговорите пропаднаа, Камада со задволство ја прифати поканата од поранешниот тренер Оливер Гласнер, со кого соработуваше во Франкфурт.

Токму поради него ќе се пресели во Кристал Палас, тим кој во втроиот дел од сезоната, откако на функцијата дојде Гласнер бепе вистински хит во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top