Отстранет дефектот на пругата во Драчево: граѓаните да бидат трпеливи при спуштање и кревање на рампата, апелираат „Македонски железници“

Отстранет дефектот на пругата во Драчево: граѓаните да бидат трпеливи при спуштање и кревање на рампата, апелираат „Македонски железници“

пред 7 месеци

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, денеска, во 10.43 часот, била добиена пријава за проблем со сигнализацијата на пругата на улицата Киро Фетак во населбата Драчево, Скопско.

Од Секторот за операции и координација на ЦУК веднаш биле известени „Македонски железници“ за пријавата за дефект на сигнализацијата на рампите и за нивна понатамошна постапка според пријавениот случај.

„Во 10.53 часот ЦУК беше известен од ‘Македонски железници’ дека рампите се спуштени и на самото место се наоѓаат мајстори за отстранување на дефектот.

Од ЦУК во 12.37 часот повторно е направен телефонски контакт со „Македонски железници“, при што потврдија дека дефектот е отстранет. Притоа информираа и дека е можно на некои делови рампите да бидат затворени поради акцијата која е претходно предвидена за прскање на тревата околу железничките пруги“, се нагласува во информацијата од ЦУК.

„Македонски железници“ апелираат граѓаните да бидат трпеливи при процесот на спуштање и кревање на рампите затоа што сигнализацијата се контролира мануелно од страна на диспечерите на „Македонски железници“.

Текстот Отстранет дефектот на пругата во Драчево: граѓаните да бидат трпеливи при спуштање и кревање на рампата, апелираат „Македонски железници“ е превземен од МАКФАКС.