Франција инвестира 650 милиони евра во развојот на Украина

Франција инвестира 650 милиони евра во развојот на Украина

пред 7 месеци

Франција ќе отвори развојна агенција во Украина со буџет од 450 милиони евра, а во исто време ќе започне и фонд за клучни инфраструктурни проекти во кои ќе инвестира дополнителни 200 милиони евра, соопшти денеска кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Париз ќе објави два билатерални договори за поттикнување на реконструкција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Франција на 6 и 7 јуни, пренесува Ројтерс.

Официјален претставник на француското претседателство одби да коментира дали за време на посетата ќе биде објавен договор за испраќање француски воени инструктори во Украина.

Текстот Франција инвестира 650 милиони евра во развојот на Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top